Играч на Челси направи старт за „затвор“, а се чудеше што судијата му даде жолт картон (ВИДЕО)

Челси од 39. минута од дербито против Арсенал, има играч помалку. Моисес Кајседо беше исклучен од натпреварот, по остар старт над Микел Мерино.

Интересно е тоа што судијата Ентони Тејлор му даде на Каиседо само жолт картон, а овој остана изненаден од одлуката. Но, набрзо Тејлор беше повикан од ВАР собата, па ја смени својата одлука, и му додели црвен картон.

Се вчитува...