Играч на Хајдук во тунелот пред дуелот со Милан: Овие се гол к**ац, ќе ги добиеме! (ВИДЕО)

Јуниорите на Хајдук направија сензационален пласман во финалето на младинската Лига на шампионите совладувајќи го тимот на Милан со 3-0, и така ја заокружија својата одлична сезона од бајка, во која ги елиминираа „гигантите“ како Шахтјор Доњецк, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и сега Милан.

Победата на избаниците на Марјан Будимир ја донесоа Пукштас и Хрговиќ кои постигнаа три гола, додека Милан предводен од некогашниот играч на овој клуб Абате, само намали преку Зероли во 83. минута.

Дека во Хајдук владее позитивна атмосфера, покажува видеото за време на излегувањето на двата тима од тунелот на стадионот во Женева. На видеото се слуша како најдобриот играч Мате Антуновиќ, коментира: „Овие се гол к**ац, ќе ги добиеме!“, со што се обиде дополнително да ги мотивира своите играчи.

На крајот неговиот тим го доби мечот, и во финалето за големиот пехар ќе игра против Аз Алкмар.

Се вчитува...