Фудбалерот на Лацио, Даичи Камада, ќе се пресели во тимот на Кристал Палас, каде што ќе работи со неговиот поранешен тренер Оливер Гласнер. Гласнер и Камада работеа заедно во Ајнтрахт Франкфурт.
Камада минатата сезона се пресели во Рим како слободен играч, и потпиша на 1+3 години, меѓутоа клаузулата нема да биде активирана. Јапонецот не ги оправда очекувањата, со оглед дека во 38 меча постигна само два гола и запиша две асистенции.
Токму Гласнер е главниот иницијатор за ангажман на играчот од средниот ред, со кого работеа заедно во Франкфурт, и ја освоија Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА