Фудбалерот на Лион, Дејан Ловрен и натаму е во шок по случувањата во Марсеј, кога автобусот беше каменуван пред натпреварот од навивачите на Олимпик. Натпреварот е одложен, а неколку лица, меѓу кои и тренерот Фабио Гросо кој заработи сериозни повреди, а за малку ќе го изгубел и левото око.
Ловрен кажа дека не се чувствува безбедно во Франција и дека ова е нешто сосема ново во оваа земја.
„Буквално не гаѓаа со камења, боци, и за жал го погодија нашиот тренер во глава. Мислам дека и факели фрлаа на нас, и во еден миг се плашевме за својата безбедност. Ваквите работи ги немаше кога бев тука пред 13-14 години, ова е целосно лудо. Неодамна сакаа да ми влезат во станот, иако живееме во сигурна зграда. Човек сега ми стои пред станот, имам обезбедување. Ова не е нормален живот, како да живеам некаде на далечниот исток, а не во Европа. Воопшто не се чувствувам безбедно, кражбите се вообичани и насилствата исто така“, рече Ловрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА