Играч на Милан ќе го засили белградски Партизан?

Играчот на Милан, Чака Траоре би можел во следните часови да го засили тимот на Партизан Белград.  

Станува збор за млад фудбалер кој одигра неколку натпревари за првиот тим, но повредата си го направи своето и не е во составот за новата сезона. 

Траоре дури и постигна гол против Емполи во сезоната 2023-24, па дури и играше во Лигата на шампионите против Дортмунд, а ќе наполни 21 година во декември. 

„Спортал“ истакнува дека Траоре слушнал многу добри работи за Партизан и дека веќе разговарал со тренерот Благојевиќ, па затоа сака самиот да се приклучи во редовите на црно-белите, но на позајмица. Се чека само да се договори платата. Тој во Милан има 30 илјади евра месечно, и сега ќе мора да се согласи за далеку помала плата. 

Чака Траоре е крилен напаѓач, тој пристигна во Милан од Парма, а играше една сезона како позајмен играч во Палермо. 

Се вчитува...