Орландо Меџик синоќа на домашен терен го победи Индијана Пејсерс со 119:115, а Паоло Банкеро стана првиот играч на Орландо кој постигнал 50 поени во последните 20 години.
Банкеро беше на чекор од трипл-дабл учинок бидејќи забележа и 13 скока и девет асистенции. Тој, исто така, го израмни рекордот на франшизата на Трејси Мекгрејди за најмногу постигнати поени во едно полувреме, постигнувајќи 37 во првото полувреме.
Паскал Сијакам беше двоцифрен пред шест стрелци на Индијана со 26 поени. Меѓу нив беше и Тајрис Халибартон , кој го забележа првиот дабл-дабл учинок оваа сезона со 19 поени и 10 асистенции. Халибартон имаше и девет скока.
Paolo Banchero was absolutely DOMINANT in the @OrlandoMagic W!
🔥 50 PTS (career high), 37 in 1H
🔥 13 REB
🔥 9 AST
🔥 3 3PM
🔥 2 BLK
🔥 16-26 FGMMagic move to 3-1 on the year! pic.twitter.com/1BtNZ9iyBm
— NBA (@NBA) October 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА