Ова лето се случија многу промени во Реал Мадрид со најава за една нова ера за мадридскиот клуб. Прво, имаше промена на тренерската клупа па легендарниот Карло Анчелоти беше заменет со Чаби Алонсо.
Што се однесува до играчите, во кралскиот клуб пристигнаа Трент Александар-Арнолд, Франко Мастантуано, Дин Хујсен, Алваро Карерас…
Хујсен „експлодираше“ во дресот на Борнмут минатата сезона, и веднаш му донесе трансфер во Реал Мадрид, кој мораше да плати околу 60 милиони евра за неговите услуги и тој веднаш стана играч во првиот тим. Во трите кола од шпанската Ла Лига досега во новата сезона, мина максимални 270 минути на теренот и пружи добри игри.
Покрај тоа што е стандарден во клубот, тој станува стандарден и во шпанската репрезентација, па и на последниот натпревар на „Црвената фурија“ против Бугарија ги одигра сите 90 минути. Сега младиот стопер одлучи да ги открие деталите од собирот на својата репрезентација и рече дека играчите на Барселона постојано го „провоцираат“.
Причината за ова е што го избрал Реал Мадрид, но сите тие „задевања“ секако се на пријателска основа.
„Во репрезентацијата, некои соиграчи ми велат дека е добро што го избрав Реал Мадрид. Од друга страна, играчите на Барселона ме „задеваат“ за тоа, но ќе разговараме на Ел Класико“, вели Хујсен.
Патем, 20-годишникот е роден во Амстердам и помина претходно нив селекциите на Холандија до 17, до 18 и до 19 години, но на крајот одлучи да игра за Шпанија. Хујсен доби право да игра во февруари 2024 година кога официјално стана шпански државјанин откако живееше таму 14 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

