Играч на Реал Сосиедад не размислува за С.Арабија: „Сакам добар, а не скап фудбал“

Јапонскиот интернационалец во дресот на Реал Сосеидад, Такефуса Кубо зборуваше за можноста да се пресели во првенството на Саудиската Арабија. Тој по мечот вчера во Митјиланд одговори дека нема намера да оди таму. 
Саудиска Арабија во последните години стана дестинација за многу фудбалски „ѕвезди“, но голем дел од нив не се решаваат да одат во тоа првенство, со оглед дека парите не им значат ништо.
„Сакам добар фудбал, а не скап фудбал“, рече Јапнецот.

Се вчитува...