19-годишниот напаѓач Зани Назифи потпиша перманентен договор со екипата на Беса. Во последните две години, Назифи играше како позајмен од Шкендија, меѓутоа екипата од Добридол се реши да го потпише со пермаментен договор.
Назифи со тоа ќе остане дел од Беса и во следните две години. Назифи во минатото беше дел од Победа, па игрше во Њу Старс, па потоа се пресели во Шкендија.
Покрај напаѓачката, Назифи може да игра и во улогата на офанзивен крилен фудбалер. Назифи е дел и од селекцијата на Македонија до 19 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА