Бернардо Силва (30) со години е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата , а со Манчестер Сити освои шест титули во англискиот шампионат. Во интервју за Sky Sports тој призна дека не тренира во сала за кревање товар како некои.
– Не одам во сала за тегови, тоа е за оние кои не знаат да играат со топката – одговори Португалецот на новинарското прашање, на што водителот и соиграчот на Бернард, Рубен Диас (27) се насмеа.
Силва потпиша за Манчестер Сити летото 2017 година за 50 милиони евра, откако со Монако ја освои Лига 1 и играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа беше одлична генерација на клубот од Кнежевството во која играа Килијан Мбапе, Фабињо, Радамел Фалкао, Жоао Мутињо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА