Играчи на Арсенал меѓусебно се караа на терен, реагираше и Артета (ВИДЕО)

Арсенал синоќа на гостувањето кај Нотингем славеше победа од 1-2, но мечот ја одбележа големата караница во лондонскиот тим на крајот од натпреварот, по која мораше да реагира и Микел Артета.

Гостите од Лондон успеаја да дојдат до важна победа. Најпрво брзо поведоа со 2-0, меѓутоа Авонији внесе немир во финишот во редовите на Арсенал откако го намали резултатот. Нотингем нападна за да дојде до бод, но „топчиите“ некако успеаја да се одбранат.

Навивачите на Арсенал останаа во шок кога видоа дека нивни играчи се караат, а мораше да реагира и Артета кој втрча на терен и му држеше „предавање“ на Зинченко. Наводно Украинецот не бил задоволен од потезите на својот соиграч Бен Вајт. Меѓутоа ситуацијата набрзо се смири, а Артета по мечот објаснуваше зошто дошло до овој инцидент.

Се вчитува...