Флорентино Перез повторно инсистира на доведување на Давид де Хеа како долгорочно решение за голманската позиција во Реал Мадрид, но фудбалерите на „кралскиот клуб“ гласно побарале од својот претседател да го откаже тој трансфер и да му укаже доверба на Кејлор Навас. Во ситуација кога Манчестер јунајтед бара над 70 милиони евра за Де Хеа, „кралевите“ сметаат дека би било лудо да се потрошат толку пари на нов голман кога во своите редови веќе се има Навас.
Иако Костариканецот имаше неколку почетнички грешки во текот на сезонава, тој прикажа извонредна форма на завршните средби од Примера дивизион, како и во финалето од Лигата на шампионите. Токму затоа соиграчите предводени од капитенот Серхио Рамос гласно застанале во одбрана на Рамос, барајќи од Перез да ги стопира преговорите за Де Хеа, за Кејлор да остане прв голман на Реал и во следната сезона.
Како што јавува весникот „Марка“, фудбалерите ја имаат и поддршката од тренерот Зинедин Зидан, па големи се шансите дека желбата ќе им биде исполнета, а Флорентино Перез набрзина ќе ги насочи погледите кон останатите желби за засилувања за наредната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА