КК Куманово ја минува најголемата криза во последните дваесетина години, на кошаркарите им се должат бројни плати, но и немаат нормални услови за тренинг и одигрување на натпреварите.
Бројните лаги од актуелната управа надополнети со неискажаната волја од општината да се спаси ово кошаркарски клуб го доведуват КК Куманово на работ на амбисот, откако кошаркарите го загубија трпението и заедно со членовите на стручниот штаб конечно го кренаа гласот, најавувајќи дека доколку не бидат исполнети долговите кон нив, од следната недела целосно прекинуваат со тренинзи и со играње на натпревари.
Соопштението на кошаркарите и членовите на стручниот штаб на КК Куманово го пренесуваме во целост:
Во името на сите играчи и стручен штаб на КК Куманово сакаме да ја известиме јавноста за реалната ситуација во клубот. Пред се Кумани како навивачка група, и Куманово како кошаркарски град. Сметаме дека кумановци заслужуваат да ја знаат вистината за клубот кој безусловно го бодрат. Долг од 5 плати, ладна сала која протекува, тејпови за бандажирање, физиотерапевт, вода за пиење, па дури и искинати мрежи на кошевите, терапија за повредените играчи.
Ова е само еден мал дел од проблемите со кој се соочуваме во текот на цела натпреварувачка сезона. Кошарката во Куманово е заложничка на две спротивставени структури кој управуваат со клубот, единствени директни жртви сме ние играчите и стручниот штаб. Слушавме информации дека клубот ке биде продаден, но тоа не се случи, градските власти немаат намера да помогнат.
Прашуваме дали градоначалникот ке дозволи во големата сала која се реновира да нема прволигашка кошарка!?! Што се однесува до добиениот ваучер со кој треба клубот да застане цврсто на нозе горенаведените структури не се способни да го уновчат, најавуваме дека после натпреварот против Струмица во недела целосно застануваме зад нашите баранја и нема да тренираме и играме натпревари, а сите знаете дека со два службени натпревари клубот испаѓа во најнизок ранг. Доста беше со лаги и празни ветувања од луѓето кој го водат клубот, овој пат нема отстапка. Дозволете ни да играме кошарка и да се врати клубот на старите патеки и кумановци да се вратат во сала!!!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

