Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е добитник на признанието, играч на сезоната 2018/19 во изборот што го прават играчите, а го органзиира Професионалната асоцијација на фудбалери од Премиер-лигата.
27-годишниот Холанѓанец ги победи Рахим Стерлинг, Бернардо Силва, Серхио Агуеро, Садио Мане и Еден Азар кои беа новинирани за наградата.
Ван Дајк кој е првиот дефанзивец што го добива признанието по Џон Тери во 2004/2005 го наследува соиграчот од Ливерпул, Мохамед Салах кој поведи во трката за оваа награда минатата сезона.
Холандскиот фудбалер е еден од клучните играчи за Ливерпул во драматичната битка за титулата со Манчестер Сити. Тој ги одигра сите натпревари во Премиер-лигата сезонава. Дојде од Саутемптон во 2018 за трансфер кој ги урна рекордите за дефанзивци вреден 75 милиони фунти и е најцврстата алка во срцето на одбраната на „црвените“.
„Ова е најголемата чест што може да се добие како играч, да те изгласаат фудбалерите со кои се натпреваруваш секоја недела. За мене ова е специјално признание, почестен сум и горд“ – изјави ван Дајк.
Ван Дајки и Ливерпул на два натпревара пред крајот на сезоната имаат еден бод помалку од Манчестер Сити кој е на врвот на премиерлигашата табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА