Алкалоид речиси сигурно ќе добие службена победа и пехар од ЕХФ Европскиот куп, но големо е разочарувањето во таборот на „сино-белите“ од Автокоманда по скандалозното однесување на гостинскиот тим и одбивањето да се излезе на теренот на СЦ „Борис Трајковски“.
„Пулените“ на Лазаров пред мечот беа максимално мотивирани повторно да го совладаат АЕК и со две победи да стигнат до првиот европски трофеј во клупската историја, но битката на терен им беше оневозможна од кукавичлукот на грчкиот тим.
„Ова е големо разочарување за сите. Подобри сме од АЕК, го покажавме тоа во Атина и ќе го потврдевме и во Скопје. Видете ја салата, исполнета до последно место, за клуб, а не за репрезентација. Ова ќе беше спектакл, наша победа и пехар пред полна сала, тоа е она што го сонувавме, не вакво нешто“, истакнаа неколку ракометари на Алкалоид откако официјално беше објавено дека натпреварот нема да се одигра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

