Играчите на Барса ќе го „задавеа“ Суарез: „Ајде дебел, не зае.авај…“ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид преживеа на гостувањето против Барселона, ремизирајќи без голови.

Дуелот го одбележа и враќањето на Луис Суарез на „Ноу Камп“. Суарез е добро познат дека не бира средства да избори пенал за својот тим во секоја можна ситуација. Па, така беше и против своите поранешни соиграчи.

Во 36. минута по нафрлувањето на Караско, Суарез имаше контакт со Тер Штеген, одглуми удар во глава и се надеваше на пенал. Но, веднаш го опкружија фудбалерите на Барселона, пред се Тер Штеген и Пике.

Германецот луто тргна кон напаѓачот, а искусниот стопер го нарече и дебел.

„Ајде дебел, не зае.авај“ – дофрли Пике, додека Суарез се убедуваше со Тер Штеген дали го удрил или не.

Додека беше член на Барселона, театралноста на Суарез многу пати носеше корис за Каталонците, а сега на ист начин се обиде да му помогне на Атлетико, но не му успеа.

Атлетико Мадрид, по „нулата“ во Барселона, остана на врвот со 77 бода, Барселона е втора со 75 бода, а Реал е трет со 74 бода. Но, „кралевите“ имаат натпревар помалку. Вечерва мора да победат со Севилја ако сакаат титула.

Се вчитува...