Тренерот на Лацио Маурицио Сари и неговите играчи, не сакаа да даваат изјави на новинарите по мечот со Јувентус во рамките од 4. коло. Лацио го загуби мечот во Торино со 3-1, а по мечот и покрај барањата за изјави, ниту играчите ниту тренерот не се согласија.
Според италијанските медиуми, одбивањето да даваат коментари е како протест против одлуките на судијата Фабио Мареска и неговите помошници на овој натпревар.
Конректно, незадоволство предизвика првиот гол на Јувентус во 10. минута од мечот. Лацио смета дека топката излегла во аут при нападот на противникот, но судијата се реши да не го провери со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

