Играчите на Монца чекаат автобус полн проститутки коj гo вети Берлускони

„Ако Монца победи некој од Милан или Јувентус, ќе добие автобус полн проститутки“. Ова беше ветувањето на Силвио Берлускони на божиќната вечер пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во Серија „А“.

Самиот Берлускони потврди дека тоа им го ветил на играчите, и сега после победата над Јувентус и тоа во Торино, треба да го исполни ветувањето.

„Најдовме добар, расположен тренер способен да ги мотивира момците. Играчите добија дополнителна мотивација откако им реков дека ако ги победиме Милан или Јувентус, или еден од големите клубови, ќе им испратам автобус полн проститутки во соблекувалната“, изјави тогаш Берлускони.

Сега Берлускони за „Република“ кажа дека добил многу повици и го прашуваат дали ќе го исполни ветувањето.

„Имав преку 100 телефонски повици во кои ми бараа да го одржам ветувањето“, нагласи Берлускони.

Во меѓувреме Монца на социјалните мрежи само постави фотографија со автобус, без дополнително да објасни, иако многумина го окарактеризираа како ветувањето на Берлускони.

Се вчитува...