Фудбалерите на ПСЖ продолжија да играат „топло-ладно“ и вчера доживеа нов пораз во Лига 1. Синоќа подобар од нив беше тимот на Монако во Кнежеството со 3-1. Ова им е втор пораз во низа, откако претходно загубија од Олимпик Марсеј во Купот и испаднаа од тоа натпреварување.
Од почетокот на годината тимот на Галтије има многу проблеми, загубија четири меча, примија 14 голови, а тука се и повредите, вирусот кој го има во екипата. А, дека ситуацијата е надвор од контрола, потврдуваат сликите од „Луј Втори“ каде што предводени од капитенот Преснел Кимпембе мораа да се извинуваат на навивачите кои допатуваа на стадионот на Монако. Невообичаена глетка, со оглед на фактот дека ПСЖ во последните години не е навикнат да губи.
📢🇫🇷 Following PSG’s 3-1 loss to Monaco, Presnel Kimpembe spoke to the travelling fans at the end of the game and apologised for the poor performance. pic.twitter.com/bSPY3eAWA3
— EuroFoot (@eurofootcom) February 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА