Фудбалерите на ПСЖ без да претпостават што ќе им се деси на „Камп Ноу“, вечерта пред натпреварот со Барселона опуштено разговарале за потенцијалниот резултат од средбата со шпанскиот првак. Францускиот тим имаше фантастична предост од 4-0 од првиот меч во Париз, разлика која никој во историјата на ЛШ не успеал да ја испушти. Се до неделата кога ПСЖ загуби од Барселона со огромни 6-1, со три гола постигнати во последните осум минути, и испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите.
А, само ден претходно, фудбалерите на францускиот тим се шегуваа со резултатот и случајно, ја снимаат дискусијата која потоа се прошири и на социјалните мрежи.
Марко Верати ги прашува соиграчите дали би биле среќни ако поминат понатаму со пораз од 5-1…
Џулијан Дрекслер и Блес Матуиди одговараат дека тие би биле пресреќни, но Верати не го дели нивното мислење:
„Некој да ми го понудеше тоа пред првиот натпревар, ќе бев среќен. Но, сега би бил бесен“.
Деновиве цел свет му се смее на ПСЖ и на нивниот пораз на „Камп Ноу“, а интересно, Томас Муние на вечерата коментира дека тој би бил разочаран и со помал пораз и дека тогаш сите би им се смееле.
„Се разбора дека ќе бидеш бесен. Ако изгубиш 5-1 сите ќе ти се смеат. Добро, си поминал. Но, луѓето ќе речат: Мислевме дека ПСЖ е јак, а сега изгубија 5-1 од Барселона. Тоа не е во ред“, вели Миние не знаејќи дека следниот ден ги чека и полошо од тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА