„Играчите на Реал не заслужуваат толкави плати според она што го покажуваат на теренот“

Бразилецот Винисиус Жуниор и Реал Мадрид не се ни блиску до постигнување договор за иднината. Се поверојатно е дека ѕвездата би можела да го напушти Сантијаго Бернабеу и засега ниту една страна не попушта во преговорите.

Вини бара плата од 30 милиони евра по сезона, Реал нуди околу 20, односно бројката што ја заработува во моментов, а нема знаци за конечен договор. 

Поранешниот голман на „Кралевите“, Сантијаго Канизарес, тврди дека Вини, како и другите играчи на Реал, не ги заслужуваат бројките што им се плаќаат во моментов.

„Платата врз основа на она што Винисиус го покажува на теренот, не одговора на бројките кои се дискутираат или ќе бидат на масата. Но, од друга страна и другите играчи на Реал на теренот не покажуваат толку колку што заработуваат“, рече Кањизарес.

Во последно време и фановите на Реал не се воодушевени од игрите на Винисиус, и се погласни се барањата за негова продажба и доведување на друг играч.

Се вчитува...