Игор Тудор и тимот на Тотенхем доживеаја вистинска бламажа синоќа на гостински терен против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тудор изгледаше целосно поразен на клупата на својот тим по поразот од 5-2, а како што пренесуваат веќе англиските медиуми по враќањето во Лондон го чека писмо со отказ по едвај еден месец како тренер на Тотенхем.
Навивачите на Тотенхем и љубителите на фудбалот, но и сите синоќа фудбалери на Тотенхем, беа шокирани од фактот што Тудор го замени голманот Кински уште во 17. минута од натпреварот, а посебно и од фактот што тој не го поздрави ниту го утеши за време на замената.
И навивачите ја забележаа саркастичната реакција на голем дел од фудбалерите на Тотенхем кон Тудор, кои беа огорчени од однесувањето на Тудор кон голманот. Доказ за тоа е и реакцијата на Спенс, откако Тудор го замени.
„Тудор го игнорираше и Спенс за време на замената, како и сите играчи што ги извади. Спенс седеше на клупата откако го напушти теренот. Сепак, потоа стана, дојде до Тудор, го потапка по грбот и саркастично му ја подаде раката“ – пишуваат англиските медиуми.
And after being subbed off, Djed Spence sits down on the bench, then gets up and makes a point to tap the shoulder of Igor Tudor, to shake his hand.
A clear sign the players already all hate him. Surely he’s getting sacked this evening?! https://t.co/JRCDwnWFHS
— Football Confidential 🌐 (@footballconfid1) March 10, 2026
Џејсон Берт, главниот фудбалски репортер на Телеграф, исто така забележа од трибината во Мадрид дека Тудор дури и не погледнал кон несреќниот голман, но и дека Кински бил тешен од бројни играчи од клупата на Тотенхем.
„Кински влегува во тунелот, по него одат Палињо, Галагер и Соланке и тие се обидуваат да го тешат. Никогаш, ама баш никогаш не сум видел нешто вакво.“
Ова е шести пораз на Спарс по ред, што никогаш не им се случило досега. Тие се само еден бод над зоната за испаѓање во првенството. Игор Тудор, доведен за да ја спаси сезоната, ги загуби сите четири свои први натпревари.
Токму поради тоа, наводно е познато веќе и името на наследникот на клупата на тимот од Лондон, а тоа ќе биде Роби Кин.
„Клупското раководство е во преговори, а претходно беше одлучено дека Тудор ќе остане до реваншот против Атлетико Мадрид. Сепак, поразот во првиот натпревар против Атлетико Мадрид ги принуди да ја преиспитаат својата одлука. Сега главната цел е што побрзо да се договори замена за Игор Тудор. Спарс ги разгледуваат сите опции, но Кин е првата од нив“, тврди Греам Бејли.
Kinsky straight down the tunnel followed by Palhinha, Gallagher and Solanke to try and console him. Never, ever seen anything like this.
— Jason Burt (@JBurtTelegraph) March 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

