Играчите на Виљареал после Барселона го прекинаа молкот: Да не се судиите…

Барселона вчера го победи Виљареал со 2:0 на гостински терен во натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига, а повторно судиските одлуки се главна тема. По натпреварот, капитенот на домашниот тим, Дани Парехо, застана пред камерата и не беше многу импресиониран од вчерашната победа на Барселона.

„Жолтата подморница“ имаше многу шанси на мечот, но не успеа да материјализира ниту една, а сликата на теренот се смени кога Ренато Веига доби директен црвен картон за старт над Ламин Јамал, што во голема мера ја олесни задачата на Барселона, но и со играч помалку Виљареал имаше шанси да се врати од негативата, дури и кога имаше негатива од два гола.

Парехо не го криеше колку е разочаран од поразот и верува дека црвениот картон беше прелесно покажан, и тоа било одлучувачко за победникот.

„Освен голот од пенал и пречката, Барселона не направи ништо. Бевме апсолутно подобри од нив. Да не беше покажан црвениот картн, којзнае што ќе се случеше. Од моја гледна точка, судијата лесно покажа црвен картон. Тоа беше старт во дел од секундата, практично рефлексна реакција, па не сум сигурен дека оправдува автоматско исклучување. Жолт картон би бил доволна казна, црвениот е премногу. ВАР не можеше да реагира, затоа што судијата веднаш покажа црвен картон. Судиите се луѓе, прават грешки. Да не се судиите, немаше ни да се играат мечевите“, изјави Парехо.

Се вчитува...