Играчите против Рангник, бунт во соблекувалната на Манчестер Јунајтед

Елиминацијата во ФА Купот и јавните расправии со Марсијал, Лингард и Роналдо може да значат предвремен отказ за Ралф Рангник или пак дополнителна чистка во тимот. По поразот од Миделсброу, во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, фудбалерите јасно и недвосмислено го изразиле својот револт кон начинот на работа на Рангник, кој пак на „Олд Трафорд“ е ангажиран како привремено решени по отказот на Солскјер.

Лошите резултати против тимови кои не се од највисок ранг и барањата на Рангник во однос на тактиката се причината за бунтот на играчите кои никако да покажат карактер. Рој Кин неколку пати досега посочи дека недостига карактер кај повеќете ѕвезди на „Ѓаволите“ кои веќе се навикнаа да бидат поштедени од критики, на сметка на менаџерите.

Како ќе реагира управата на клубот засега е нејасно, иако се споменува дека Покетино можно е во случај на елиминација на ПСЖ во 1/8 финалето од ЛШ да се врати во Англија и да ја добие работата на Рангник, анализираат медиумите од островото.

Се вчитува...