Играчите жалат, федерацијата немаше друго решение: Поради кризата, една држава се откажа од квалификациите за СП во Катар

Санта Лучија се повлече од квалификациите за Светското првенство поради преголемите финансиски трошоци. Санта Лучија е островска држава на границата на Карипското Море и Атлантскиот Океан, која требаше да игра во група со Никарагва, Хаити и Белизе во квалификациите во Северна и Централна Америка и Карибите.

Поради финансиски проблеми предизвикани од коронавирусот, Санта Лучија за ФИФА изјави дека нема намера да се бори за место на Светското првенство во Катар, каде реално никој не ја очекува. Станува збор за прва од 211 земји што одлучи да не игра на квалификациите за СП во Катар. Оваа држава во моментов се наоѓа на 175-та позиција на листата на ФИФА.

Неофицијално, не е исклучено Светската фудбалска федерација да го казни Фудбалскиот сојуз на Санта Лучија заради напуштање на квалификациите.

Се вчитува...