Иако пристигна во клубот минатото лето како големо засилување со плата каква што Србија не ја памети, од два и пол милиони евра годишно, Марко Арнаутовиќ веќе се смета за огромен неуспех и е апсолутно непожелен во Белград и Црвена Звезда.
Навивачите на црвено-белите веќе ги изгубија нервите со 36-годишниот Австриец. Сметаат дека ги измамил со лажна љубов кон клубот и сметаат дека солзите на презентацијата всушност не значат апсолутно ништо.
Тие сакаат тој да го напушти клубот, и тоа по можност уште вечерва. Го нарекуваат со погрдни имиња потенцирајќи го како „класичен сељак од Виена“.
„Марко Арнаутовиќ не и е потребен на ФК Црвена Звезда и време е да си замине…. Веројатно најголемото понижување во историјата на Црвена Звезда. Тој избира натпревари, игра кога само сака да игра. Нека се носи во пи**а мај**на. Просечен во секоја смисла. Може да се види на неговото лице дека е класичен сељак од Виена. Ако овој човек навистина добие два и пол милиони евра, сè во клубот треба да се запали“ – се само дел од коментарите на навивачите на Црвена Звезда.
Марко Арнаутовиќ не играл од средината на март и дуелот со ИМТ. Го гледал натпреварот против Радник од клупата, а потоа не бил присутен на натпреварите со Радник и Спартак. Приказната оди и до таму дека тој всушност ги избира натпреварите на кои ќе игра.
Арнаутовиќ е добро познат и за македонските навивачи по инцидентот на ЕВРО 2020 во Букурешт, кога на мечот меѓу Австрија и Македонија влезе во вербален конфликт со македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, навредувајќи го на национална основа.
По мечот, страстите се смирија, откако Австриецот му се извини на Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

