Кога пред десетина години се појави на фудбалската сцена во Италија, на стоперот Даниеле Ругани му предвидуваа светла иднина. Тој требаше да биде идниот столб во одбраната на Италијанците, после пензионирањето на Неста, Бонучи, Кјелини… Меѓутоа кариерата одеше во погрешна насока, често беше на позајмици, не доби никогаш вистинска шанса во Јувентус, а сега се пресели во Ајакс на нова позајмица.
Договорот со Ајакс е до 2025 година, а потоа треба да се врати во клубот од Торино.
Во 2015 година стана дел од Јувентус, за овој тим одигра преку 100 натпревари, но никогаш не се скраси како прв стопер на тимот. Беше позајмуван и во Емполи, Сент Етјен, Каљари.
За италијанската репрезентација Ругани одигра седум натпревари. Далеку повеќе имаше во младинските категории, каде што се гледаше неговиот талент и му предвидуваа светла иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА