Португалскиот фудбалер Жоао Феликс размислува во јануари да го напушти тимот на Атлетико. Португалецот не е задоволен од тоа што повеќе е резерва отколку прва опција кај тренерот Диего Симеоне.
Играчот мина само 29 минути на последните четири натпевари, а вчера против Бриж остана на клупата, па во лутина го фрли дресот на тревникот.
Феликс смета дека неговата улога е неприфатлива, а имајќи во предвид дека Симеоне ќе биде тренер и другата сезона, Португалецот бара начин како да си замине уште во зимскиот преоден рок.
Феликс оваа сезона забележа 8 настапи и 3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

