Играчот на Интер не сака да „чуе“ за преселба во Саудиска Арабија

Неколку клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за услугите на Бенџамин Павар од Интер. Играчот не се снајде многу добро по неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“, односно повеќе е на клупата отколку на теренот, но исто така не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија.,

Самиот играч им соопштил на агентите дека не сака да разговара за преселба во Саудиска Арабија, и да не преговараат со тие клубови.

Павар во Интер дојде од Баерн Минхен, а претходно настапуваше за Штутгарт и за Лил. Минатата сезона настапи на 23 меча во Серија „А“ и постигна два гола. Сите три меча за Франција во групата на ЕВРО 2024 ги мина на клупата.

Се вчитува...