Играчот на Лутон, Том Локер кој колабираше на натпреварот против Бурнмаут во 17. коло од Премиерлигата е добро и во свесна состојба, информираат од лекарскиот тим на Лутон.
Велшкиот интернационалец, кој е капитен на Лутон, на носила беше изнесен од терен откако во 60. минута само падна на сред терен. По првата помош, во свесна состојба и контактибилен е префрлен во болница и сега се чувствува добро.
Интересно, Локер колабираше и во мај оваа година за време на финалето од плеј-офот со Ковентри. Тогаш беше одведен во болница, за да по операцијата на срцето, на крајот од јуни доби дозвола да се врати на терен.
Локер во Лутон е од 2020 година, а пред тоа седум години играше за Брстол, а потоа уште една сезона за Чарлтон. Има 16 настапи за репрезентацијата на Велс.
Luton Town vs Bournemouth stopped as
Tom lockyer collapsed in the pitch😳pic.twitter.com/sbrafjD867— Vaibhav Hatwal ◟̽◞̽ 🤧 (@vaibhav_hatwal) December 16, 2023
Натпреварот меѓу Бурнмаут и Лутон, при резултат 1-1, е откажан и дополнително ќе биде одреден термин за негово одигрување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА