Во изминатите 25 години на независна Македонија на клупата на машката ракометна репрезентација на Македонија има 23 селекторски смени, вклучувајќи ја и последната најавена смена на Лино Червар. Селектори на Македонија биле вкупно 18 тренерски имиња, од тоа 11 македонски тренери и седум странци. Најголемиот успех со македонската репрезентација досега останува 5.место на ЕП 2012 во Србија кога селектор беше Звонко Шундовски.
На првото големо натпреварување по десетгодинашата пауза, на СП 2009 во Хрватска, селектор на Македонија беше Илија Темелковски. Македонија на ова првенство го освои 11.место. Најдобар пласман на светските првенства, 9.место на СП 2015 во Катар, Македонија оствари под водство на Ивица Обрван.
Во однос на смените, рекордер е Љубомир Савески кој три пати беше назначен за селектор на Македонија. Два пати за селектор беше поставен Гино Стрезовски, а две селекторски смени има и Цане Крстевски.
Досегашни селектори на Македонија: Славе Атанасовски, Ванчо Јовановски, Ристо Трпчевски, Стевче Стефановски, Цане Крстевски, Драган Здравковски, Љубомир Савески, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски, Илија Темелковски, Звонко Шундовски, Драган Нишевиќ, Зоран „Тута“ Живковиќ, Јошко Петковиќ, Драган Ѓукиќ, Веселин Вујовиќ, Ивица Обрван и Лино Червар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА