Играме многу натпревари, а влегуваме во уште поопасен ритам

Фудбалерот на Барселона и на француската репрезентација Жил Кунде, ја изрази својата загриженост поради се честите повреди на соиграчите во последниот период.

Кунде смета дека и онака има многу натпревари, а сега клубовите влегуваат во уште поопасен ритам.

„Натпревари и онака се премногу, брзината се поголема, повредите се почести“, вели Кунде и додава:

„Влегуваме во ритам кој станува се поопасен. Повредите стануваат се посриозни. Она што ме загрижува е тоа што кога го велам ова, луѓето сметаат дека сме навикнати, но тоа не значи дека е добро“, вели дефанзивецот.

Се вчитува...