Еден од најголемите канадски фудбалери на сите времиња, Пол Џејмс ги живее најтешките денови од својот живот. Џејмс веќе шест години живее во апсолутна беда. Во минатото имаше одлична перспектива, беше еден од најголемите таленти во земјата, а врв на неговата кариера беа настапите за Канада на Светското првенство во Мексико во 1986 година.
Тој беше стартер на сите три натпревари на тој Мундијал, што до Катар беше единствениот настап на Канада на светските првенства. Тој исто така стана член на „Куќата на славните“ на канадскиот фудбал, а беше и селектор на репрезентацијата на Канада до 20 години.
Англиските новинари го пронајдоа на улиците на Лондон како моли за пари за храна, шест години спие на картон, а ќебе и црна торба е се што поседува.
Тој во 1998 година ја напушти Канада поради обвинението дека конзумирал кокаин, а до оваа ситуација дошол токму поради дрогата. Вели дека се уште е зависник и дека парите што може ги троши на дрога.
Неговата мајка починала летово, но тој за тоа дознал дури два месеци подоцна, а на оваа исповед се согласил само за англиските медиуми за повторно да стапи во контакт со својот татко. Вели дека четири години не видел никого од семејството и дека тоа му е единствената желба во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

