Играше против Македонија на ЕВРО, а сега е во затворска ќелија со 20 „робијаши“

Холандскиот фудбалер Квинси Промес, е осуден на шест години затвор поради шверц на кокаин. Во моментов е во затвор во Дубаи, и се надева дека Обединетите Арапски Емирати ќе го екстрадираат во Русија, а не во Холандија.

Промес е осуден за криумчарење на 1370 килограми кокаин, и тој бил помагач во целата операција. Дрогата била пронајдена на пристаниште во Антверпен, а фудбалерот завршил во затвор откако полицијата влегла во трага на пораките и комуникацијата. Две пратки од 650 и 713 килограми стигнале на тлото на Холандија во 2020 година.

Во моментов Промес е во затвор во Дубаи, откако беше уапсен по меѓународна потерница, враќајки се од подготовките со Спартак Москва, за кого играше вторпат. Првиот пат од 2014 до 2018, а сега од 2021 година повторно е дел од овој тим. Се надева дека ќе биде екстрадиран во Русија, која нема договор за екстрадиција во Холандија, и таму не треба да одлежува казна затвор.

„На Промес не му е лесно во затвор. Потстрижен е ќелав, и спие во ќелија која има три кревети на спрат, и на нив спијат шестмина среќници, додека останатите 14 спијат на под“, изјави извор за „Де Телеграф“.

„Правилата се строги. Во текот на денот смее да ја напушти ќелијата, и да гледа телевизија. Смее трипати неделно да тренира во вежбалница. Храната е монотона. Ладно е и многу бучно. Голем дел се затвореници од Пакистан, Египет и Индија, и голем број наркомани. Тие немаат поим дека делат ќелија со славен фудбалер“, рече изворот.

Промес се надева дека ќе му помогне и рускиот претседател Владимир Путин, и ќе биде екстрадиран во Русија.

Промес играше и против Македонија на Европското првенство во 2021 година. На дуелот во Амстердам, влезе во 66. минута на местото на Донјел Мален.

Се вчитува...