Виртус Болоња се соочува со повреди па италијанскиот евролигаш е приморан да бара решенија, првенствено на бековската позиција. Изборот падна на преискусенот американски кошаркар, 34-годишниот Џастин Холидеј.
НБА ветеранот зад своето име има над 700 одиграни натпревари и шампионски прстен во 2015 година со Голден Стејт Вориорс, но е подготвен да ја прифати понудата на евролигашот која е тест период од 10 дена за симболична сума.
Холидеј има и европско искуство. На почетокот на својата кариера настапуваше во Белгија и Унгарија, освојувајќи трофеи со Алст и Шолнок со кој воедно настапи и против МЗТ Скопје во АБА во сезоната 2013/14.
Во НБА ги бранеше боите на Филаделфија, Атланта, Чикаго, Њујорк, Мемфис, Индијана, Сакраменто, Далас и Денвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

