Милан осигура ново засилување за средниот ред откако Паоло Малдини постигна целосен договор со Челси за позајмицата на Темуе Бакајоко. Станува збор за играч кој ланската сезона ја мина како позајмен во Наполи, но новиот тренер Спалети не сакаше ни да се обиде да го врати големиот борец назад во Неапол.
„Росонерите“ пред две години го имаа Бакајоко во својот табор и максимално ја искористија укажаната шанса, особено откако Томас Тухел објави дека нема да смета на овој фудбалер во новата сезона.
Двата клуба се договорија Милан да плати 500.000 евра за позајмицата, а италијанскиот прволигаш има можност следното лето целосно да го откупи договорот на Бакајоко со Челси за дополнителни 20 милиони евра.
За потсетување, лондонскиот клуб го донесе Бакајоко во 2017 година од Монако во трансфер вреден 40 милиони евра, но овој фудбалер никогаш не се наметна за првотимски статус во таборот на „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА