Играше со Леброн, Дурент, Харден…, за него Никола Јокиќ е најдобар на светот

Денвер Нагетс на крилја на Никола Јокиќ стигна до нов триумф во НБА лигата, овој пат од 139-120 против Атланта во натпревар во кој блесна и веретанот Расел Вестбрук.

Своевремено МВП-то на НБА лигата полека ја прифати подредената улога во еден тим па во тандем со Никола Јокиќ одново ја доби улогата на стартер. По крајот на средбата упати пофални зборови за Србинот нарекувајќи го најдобриот кошаркар на светот, нешто што има поголема тежина бидејќи доаѓа од кошаркар кој во минатото настапуваше во ист дрес со Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејмс Харден…

„Благословен сум човече, од Бога. Благодарен сум што сум здрав и ја започнавме новата година со победа. Фантастична победа за нас. Јокиќ е најдобриот кошаркар на светот. Мојата задача е да му ја олеснам играта, а тој прави се останато. Привилегија е да го делиш теренот со него“, изјави Вестбрук.

Се вчитува...