Играше во Барса со Меси и Чави, па замина во пензија на 32 години: Фудбалот ме уништи…

Поранешниот фудбалер на Барселона Исак Куенка, откри дека поради здравствени проблеми е приморен да ја заврши кариерата иако има само 32. години. Во 2021 година беше неговиот последен професионален ангажман.

Куенка настапуваше во Барса, и беше соиграч со Меси, Чаци, Иниеста и останатите ѕвезди кои ја покорија Европа. Меѓутоа никогаш немаше сериозна минутажа во дресот на „Каталонците“.

Освен во Барселона, играше и за Ајакс, Депортиво Ла Коруња, Бурсаспор, Гранада, Хапоел Бер Шева, Тосу и Вегалта Сендаи.

„Најважна работа која фудбалот ме научи е дека не е се онака как ошто сакаш. Ако мислиш дека си навистина добар, постои некој подобар. Ако мислиш дека си одличен, можеби ќе се повредиш и никој нема да те сака. Фудбалот ме донесе на места кои не ги очекував, а сега… пензиониран сум“, изјави Куенка.

Тој во 2019 година имаше сериозна повреда.

„Можев да тренирам само еднаш неделно, а после натпревар ногата ми беше како топка. Не се опоравував добро, и докторот ме охрабри да пробам со последна операција. Ми требаа две трансплантации, па се вратив на операција, но не одеше, и прекинав со фудбалот“, рече Куенка.

Се вчитува...