Играше за Барса, освои титула со ПСВ, сега се пресели во Португалија

Порто продолжува со екипирањето во обид да состави екипа за повторно да се бори за титулата во португалското првенство, а „сино-белите“ денеска објавија уште еден трансфер.

Лук де Јонг ќе биде новиот голгетер на Порто откако 34-годишниот Холанѓaнец денеска потпиша договор со ово португалски гиганти. Тој беше слободен играч откако му истече договорот со ПСВ Ајндховен, клуб со кој стигна до титулата во холандското првенство, постигнувајќи 18 гола и 11 аситенции минатата сезона.

Де Јонг имаше на маса понуда да остане во Ајндховен, но се реши за нов меѓународен предизвик потпишувајќи договор со Порто, каде ќе го носи дресот со број 26.

Холанѓанецот претходно има настапувано во германскиот шампионат (Борусија Менхенгладбах), Премиер-лигата (Њукасл), во шпанската Ла Лига (Севилја и Барселона), за сега пред крајот на кариерата да се обиде да остави печат и во португалската прва лига.

Се вчитува...