Португалскиот крилен напаѓач Рафаел Камачо е нов член на тимот на Вуковар.
Новиот тим од хрватската Премиер лига донесе играч кој играше за Манчестер Сити во помладите категории, а потоа се пресели во Ливерпул и одигра еден натпревар за „црвените“ во Премиерлигата.
Тоа беше во натпреварот со Кристал Палас кога влезе од клупата, а пред тоа се појави и против Вулверхемптон во ФА Купот.
Потоа беше член на Спортинг Лисабон пет сезони, но беше позајмен на бројни клубови, вклучувајќи ги Арис и Рио Аве.
Оваа сезона, Вуковар ќе игра во првата лига на Хрватска за прв пат во својата историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

