Играше за ПСЖ, сега е пред трансфер во Милан

Милан е на добар пат да ангажира нов фудбалер кој штотуку стана европски првак со Италија, откако влезе во завршна фаза од преговорите со Рома за Алесандро Флоренци.

Десниот бек беше испраќан на позајмици во Валенсија и во ПСЖ, но се надеваше дека ќе може да се наметне за место во тимот кај Жозе Мурињо. Сепак, „специјалниот“ експресно му стави до знаење на италијанскиот репрезентативец дека не е дел од неговите планови, по што сега Флоренци е многу блиску до потпис со Милан.

Преговорите меѓу двата клуба се во тек, а Флоренци ќе потпише со „росонерите“ на едногодишна позајмица, по што клубот од „Сан Сиро“ ќе има можност следното лето да го откупи целосно неговиот договор. Воедно, 30-годишниот дефанзивец ќе го промени бројот 24 за кој верува дека во последните години бил малерозен поради честите повреди кои го оддалечуваа од фудбалските терени.

Се вчитува...