Легендарниот Матс Виландер е воодушевен од играта на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер кој го освои Вимблдон по триумфот во финалето над Карлос Алкараз.
Виландер истакнува дека играта на Синер е револуционерна во светот на белите спортови.
„Никогаш не сум видел некој да игра толку агресивно како Синер. Тој секогаш сака да ја фати топката рано. Некои удираат посилно од него, но никој не стигнува до топката доволно брзо за да ја фати во искачувањето, топката никогаш не паѓа надолу“ – вели Виландер и дополнува:
„Мислам дека неговиот тенис е пет или 10 години понапред од она што го замислував дека ќе биде еволуцијата на играта.“
Синер ја освои својата четврта грандслем титула на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

