Реал Мадрид повеќе не е сам во „трката“ за потписот на Нејмар, најскапиот фудбалер во светот. Манчестер сити тргнува во офанзива да ги расипе плановите на Флорентино Перез и да го доведе Нејмар во Премиер – лигата, иако Бразилецот пред нецела година направи мулти-милионска преселба во ПСЖ.
Шпанските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола сериозно размислува да издвои огромен дел од буџетот на „граѓаните“ кој е наменет за засилувања за следната сезона и да го искористи за да ги добие услугите на 26-годишната ѕвезда на „светците“. Нејмар пристигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, се тврди дека Реал ќе понуди двојно повеќе за тој да стане новиот „галактико“, но на „кралевите“ им се заканува сериозна конкуренција од идниот англиски шампион.
Во изминативе две години Гвардиола го состави посакуваниот тим со кој конкурира на повеќе фронтови, а интересот за Нејмар наговестува дека во мозаикот на шпанскиот стратег недостасува еден дел со кој би биле „светска сила“, иако се веќе страв и трепет за повеќето клубови во Англија и Европа. Засега не е познато колкава сума ќе понуди Сити, за тоа ќе треба да се почека стартот на летниот трансфе период.
Се чини дека шпекулациите кои во последниве неколку месеци кружат околу заминувањето на Нејмар од Париз стануваат реалност, особено откако се здоби со повреда поради која ги пропушста натпреварите на француската екипа во наредните неколку месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА