„Игрите во Токио нема да бидат гламурозни, тие ќе бидат сигурни“

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет Јашухиро Јамашита изјави дека игрите кои треба да се одржат следната година во Токио ќе бидат помалку гламурозни од претходните.

„Игрите во минатото знаеле да бидат величествени и екстравагантни, знам бидејќи сум бил дел од нив. Концептот на нашата организација ќе биде различен. Приоритет на нас ќе ни биде сигурноста на сите“, изјави Јамашита, кој е освојувач на златен медал во џудо од ЛОИ во Лос Анџелес во 1984. 

Јамашита должноста претседател на Јапонскиот олимписки комитет ја презема минатата година откако неговиот претходник Цунеказуа Такеде мораше да ја отстапи функцијата поради обвинензија за корупција.

Се вчитува...