Напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин, смета дека ривалството меѓу Ерлинг Холанд и Килијан Мбапе наскоро би можело да се спореди со децениското ривалство меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
21-годишниот Халанд има договор со Борусија Дортмунд до летото 2024 година, додека две години постариот Мбапе ќе стане слободен играч на 30 јуни.
„Свесен сум дека Меси и Роналдо еден ден ќе ја завршат својата играчка кариера, бидејќи тоа е животот. Мислам дека Мбапе и Халанд ќе бидат наследници на ривалството меѓу Кристијано и Лео“, изјави Гонзало.
Артгентинецот ги прокоментира и гласините за доаѓањето на Французинот во Реал Мадрид.
„Килијан очигледно ги има сите квалитети и карактеристики да го доведе Реал до врвот на Европа“, заклучи Игуаин.
✅Gonzalo Higuaín, jugador del Inter Miami y ex del Real Madrid, habló para ‘Stats Perform’ sobre la posibilidad de que Kylian Mbappé vista la camiseta blanca. Se rindió al francés, al que comparó con Erling Haaland.@RealMadrid_cf13🏆 pic.twitter.com/QWAGIy69Y2
— Hector Sanchez ⚽️🏀⚾️🥎🎾🏐 (@Carta_Deportiva) March 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА