Јувентус повторно е на чело во италијанскиот шампионат откако во големата дерби пресметка во 7. коло од Серија А славеше на гостувањето против Интер на „Џузепе Меаца“ со 1-2.
Јувентус поведе уште во 4. минута со голот на Дибала. Но, Интер брзо дојде до израмнување преку Мартинез во 18. минута од средбата.
Во продолжението низ интересен натпревар со шанси и на двете страни, сепак „Старата дама“ беше таа која се радуваше на победата благодарение на голот на Игуаин во 80. минута.
2-1 Juve that may just do it only 10 minutes left ?♂️ #InterJuve #interjuventus pic.twitter.com/MEnJj8Adjz
— Dado (@Dado3615) October 6, 2019
На тој начин Јувентус го презеде врвот на табелата сега со бод предност во однос на Интер кој го доживеа првиот пораз сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА