Игуаин ги избра тројцата најдобри: Нема место за Меси и за Роналдо

Гонзало Игуаин продолжува со разочарувачки настапи и во дресот на Интер Мајами, а во меѓувреме се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако ја објави својата ранг-листа од тројца најдобри фудбалери во светот. Според овој искусен голгетер, меѓу најдобрите во светскиот фудбал не се наоѓаат ниту неговиот сонародник Лионел Меси, ниту пак Кристијано Роналдо.

“Во моментот за мене во топ три листата на најдобри светски играчи се Бензема, Халанд и Левандовски. Бензема е одличен играч веќе 12 години, Леванодвски постојано се запишува во листата на стрелци и победува, а Халанд е играч со голема перспектива”, изјави Игуаин.

И додека тој дава мислења за останатите фудбалери од елитата, челниците на Интер Мајами очекуваат Гонзало конечно да блесна и да почне да ја оправдува инвестицијата на овој клуб од МЛС-лигата.

Се вчитува...