Игуаин го демaнтираше својот татко: Не размислувам за пензија, пред мене го гледам само фудбалот

Поранешниот аргентински напаѓач на Реал Мадрид, Јувентус и Милан, Гонзало Игуаин го демантираше својот татко дека размислува да се откаже од фудбалот. 34-годишниот фудбалер моментално настапува за Интер Мајами во МЛС на САД.

Зборовите на неговиот татко станаа повод да се зборува за неговото „пензионирање“.

„Не бил разбран правилно. Никогаш не сум разговарал со него за крај на кариерата. Пред мене го гледам само фудбалот, целосно сум фокусиран на мојот настап во актуелниот клуб и сакам да го исполнам мојот договор. Кога ќе одлучам да престанам да играм фудбал, тоа сам ќе го објавам“, изјави Игуаин.

Се вчитува...