Игуаин го постигна првиот гол во МЛС лигата, и тоа на спектакуларен начин (ВИДЕО)

Интер Мајами славеше на гостински терен против Њујорк Ред булс со 1-2 во МЛС лигата, а победничкиот гол го постигна Гонзало Игуаин.

Скапоценото засилување за тимот од Флорида веќе се навикнува на новата лига, издвојувајќи се и како нов лидер со капитенската лента на Интер Мајами. Синоќа дојдоа и до првата победа откако Игуаин е во клубот, а го постигна и победничкиот гол во 81. минута со извонреден шут од слободен удар од околу 20 метри…

 

Се вчитува...