Игуаин го поздрави „својот“ Наполи, „Сан Паоло“ му врати со свирежи… (ВИДЕО)

Јувентус ја доби дерби пресметката од 15. коло во Серија А, славејќи на гостувањето против Наполи со 0-1 благодарение на поранешниот фудбалер на „наполитанците“, Гонзало Игуаин.

Iguain

Игуаин го поздрави „својот“ Наполи со погодок во 12. минута, по што очекувано доби свирежи од полниот „Сан Паоло“…

Лоренцо Инсиње може да се каже дека беше трагичарот на домашните не успевајќи да искористи неколку одлични можности за погодок за израмнување. Па, на крајот за заслужен триумф на „црно-белите“.

Сега, со овој триумф Јувентус со 37 бода се доближи на само еден бод од водечкиот Наполи. Интер има 36 бода, но и натпревар помалку. „Нераѕурите“ во недела играат против Киево во Милано.

Се вчитува...